Бројот на загинатите во поплавите во Шпанија се искачи на 223, соопшти шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте.
Во објавата на платформата Х, тој истакна дека огромното мнозинство на смртни случаи биле регистрирани во областа Валенсија.

Пуенте прецизираше дека 215 лица загинале во Валенсија, седум во Кастилја-Ла Манча и едно лице во Андалузија.

Според него, на списокот на исчезнати се 78 лица, а идентификувани се 48 загинати.

(Vijesti.ba)