Трамп вети „златно доба“ за САД, а неговиот потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс рече дека по „историското политичко враќање“ ќе следува и „историски економски камбек“. На адреса на Трамп веќе пристигнаа честити од челниците во ЕУ и НАТО, а честитаа и македонскиот премиер Мицкоски и лидерите од регионот.

Поранешниот претседател Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД, откако проекциите покажаа дека тој победи во неколку сојузни држави кои се сметаа за одлучувачки за исходот од изборите.

Од 270 електроски гласови во Изборниот колеџ, колку што му се потребни за стане 47-претседател на САД, според проекциите, Трамп веќе има 277.

Според американскиот систем, граѓаните не одлучуваат директно кој ќе стане претседател, туку тоа го прави изборниот колеџ со 538 членови, во кој секоја држава добива однапред одреден број електори еднаков на бројот на претставници што ги има во Конгресот. Трамп веќе го има потребното мнозинство.

Повеќе на РСЕ