Се подготвува затворање на фабриката во Форест јужно од главниот град на Белгија, каде се вработени околу 3 илјади луѓе.
Германскиот производител на автомобили Ауди на крајот на февруари следната година ќе ја затвори својата непрофитабилна фабрика во Брисел, која се смета за колевка на неговите електрични автомобили. Затворањето доаѓа во време кога Фолксваген се соочува со потешкотии, најмногу поради конкуренцијата од Кина, и планира да затвори најмалку три фабрики во Германија, со отпуштања и намалување на платите, пишува СТА.
Затворањето на фабриката во Форест, јужно од белгиската престолнина, каде што се вработени околу 3 илјади луѓе, компанијата најави уште во септември, но тогаш не го прецизираше точниот датум. Сега е познат датумот на затворање. „Го запираме производството на 28 февруари 2025 година“, потврдија од синдикатот.
Датумот беше објавен по состанокот во вторник, 29 октомври, на кој раководството вети дека нема да има отпуштања до крајот на годината. Раководството објасни и дека е во разговори со потенцијален инвеститор за фабриката во Брисел. Не сакаа да откријат со кого преговараат, но се вели дека е производител на мали комерцијални возила.










