Најмалку 47 Палестинци загинаа, а десетици се повредени денес во израелските воздушни напади врз областите Деир ал Балах, Нусејрат и Завејда во централниот дел на Појасот Газа, објави официјалната палестинска новинска агенција Анадолу.

„Нападите во текот на ноќта и во петокот наутро беа насочени кон неколку населби, насочени кон станбени области и семејни домови“, објави агенцијата.

Медицинските службеници во болницата Ал Акса во Деир ал Балах го потврдија пристигнувањето на 47 тела и бројни повредени, од кои многумина се во критична состојба.

Очевидци изјавија дека бил извршен напад на локација каде што неколку семејства од други делови на Газа се собрале со роднините во Нусејрат, а по првичното бомбардирање следел втор напад, чија цел биле жителите и минувачите кои притрчале да помогнат.

„Потрагата по луѓе под урнатините продолжува“, додаваат очевидците.