Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека според последните информации во денешната несреќа загинале 13 лица, пренесува Нова.рс.
Претходно Дачиќ за РТС изјави дека бројот на извлечени тела од несреќата е 12.

Така 12 лица ги загубија животите, тројца се повредени и се во болница“, изјави претходно Дачиќ.

Како што претходно напиша Информер, во Ургентниот центар се донесени три лица во многу тешка состојба, од кои две жени кои се извлечени од урнатините и се во операциона сала.

Потсетуваме дека нешто пред 12:00 часот на Железничката станица во Нови Сад се урна дел од настрешницата. Градот прогласи тридневна жалост.

(Vijesti.ba)