Турската одбранбена индустрија постигна уште еден голем успех во последните две децении, јавува државната агенција Анадолу.
Суперсоничниот борбен авион Хурџет, произведен од Турската аероспејс индустри (ТАИ), успеа да достигне брзина од 1,01 мах, надминувајќи ја брзината на звукот.
Маховиот број е односот помеѓу брзината на авионот и брзината на звукот. Така, на пример, авион има Мах број 1 ако може да ја достигне брзината на звукот и Мах број 2 ако може да достигне двојно поголема брзина на звукот.

Турската аерокосмичка индустрија (ТАИ) објави дека ова е уште еден голем успех и дека напредниот турски борбен авион Хурџет со еден мотор продолжува со тестирањето.
Суперсоничниот борбен авион полетал од воената база Муртед во Анкара за да изврши пробен лет и на крајот успеал да лета побрзо од брзината на звукот во воздухот, која е 1.234,8 километри на час.
Хурџет достигна брзина од 1,01 мах и успеа да ја надмине брзината на звукот, на што сме особено горди“, објави ТАИ.
Novo dostignuće turske vojne industrije: Supersonični borbeni avion Hurjet premašio brzinu zvuka https://t.co/02LoyUKvLC pic.twitter.com/3kasXEC0tV
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) October 22, 2024









