Десетици пристанишни работници во Пиреја го блокираа товарењето на контејнери со муниција за Израел во знак на протест против војната во Појасот Газа, изјавија денеска претставници на синдикатот и крајбрежната стража за Ројтерс. Во контејнерот има 21 тон муниција, а во Пиреја пристигна вчера, изјави синдикалец кој сака да остане анонимен.

Товарот бил донесен со камион од Северна Македонија, а требало да биде натоварен на брод кој плови под знамето на Маршалските Острови и да биде пренесен во Израел, пренесува ХИНА.

„Време е да се извика гласно дека нема да дозволиме пристаништето Пиреја да стане отскочна даска за војна“, објави синдикатот на пристанишните работници на Фејсбук.

„Се бориме за мир… Ние велиме „не“ за учеството на Грција во војната!

„Убијци, напуштете го пристаништето!“, е слоганот со кој го испрскале камионот, според фотографиите објавени на Фејсбук.

Грција го поддржува правото на Израел да се брани во конфликтот со Хамас во Појасот Газа, но повикува на итен прекин на огнот за да се стави крај на, како што вели, „незамисливата хуманитарна катастрофа“ во палестинската енклава.

Товарниот камион е кај пристанишните власти и е отворена истрага за инцидентот. По лидерот на синдикатот е издаден налог за апсење, изјави претставник на крајбрежната стража. Контејнерот имал важечка транзитна дозвола, изјави друг претставник.

(Vijesti.ba)