Во израелски напад во редица за храна во Газа убиени 10 Палестинци

by Administrator

Во артилерискиот напад на израелската армија врз центарот за дистрибуција на храна во бегалскиот камп Џабалија, на северот на Појасот Газа,  10 Палестинци, а десетици биле повредени.
Според очевидци, израелската артилерија пукала врз десетици Палестинци, главно жени и старци, кои чекале пред центарот во Џабалија за да добијат брашно и други намирници.
Израелската армија, која го држи под строга блокада бегалскиот камп Џабалија и многу други области во северниот дел на Газа, не дозволи екипите за прва помош да стигнат до загинатите и повредените во регионот.
Израелската армија веќе 10 дена продолжува со интензивните напади на бегалските кампови Џабалија, Беит Лахиа и Беит Ханун на северот од Појасот Газа.

Во нападите на израелската армија врз Појасот Газа во последните десет дена загинаа 487 Палестинци, а 1.831 лице беа ранети.
Палестинското Министерство за здравство во Газа даде информации за израелските напади врз Појасот Газа кои траат веќе 374 дена.
Соопштено е дека 62 лица загинале, а 220 се ранети во нападите на израелската армија во различни делови на Газа во последните 24 часа.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, загинаа 42.289 Палестинци, а 98.684 беа ранети. Потсетија дека под урнатините се уште има илјадници мртви.

You may also like