На десеттата годишнина од почетокот на Берлинскиот процес, германскиот канцелар Олаф Шолц очекува земјите од Западниот Балкан да го забрзаат својот пат кон ЕУ.
„Се надевам дека нема да бидат потребни уште десет години, додека сите шест земји да станат членки на ЕУ“, изјави Шолц на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот ЕУ- Западен Балкан во Берлин.
Во својата изјава по самитот, Шолц недвосмислено порача дека земјите од Западниот Балкан можат да влезат во ЕУ само заедно. Подоцна, на прес-конференцијата, дополни дека и покрај желбата сите земји да имаат заедничка перспектива, ќе има земји кои ќе ги исполнат условите побрзо од другите „кои нема да ги задржуваме (…), но сите треба да знаат дека ќе имаат заедничка иднина и дека не можат да се блокираат меѓусебно“.
Повеќе на:dw.de









