Израел нема намера да преземе воена акција против Турција, изјави во четвртокот израелскиот претседател Исак Херцог, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека неговата земја може да биде следната цел на Тел Авив по израелската агресија врз Либан и Газа.

„Видов дека лидерот на Турција даде некои коментари во врска со наводните планови на Израел против Турција“, изјави Херцог за време на состанокот со претставниците на Конференцијата на претседатели на големите американски еврејски организации во Ерусалим. „Сакам да кажам дека Израел никогаш немал никакви планови против Турција“, додаде израелскиот претседател, пишува „Тајмс оф Израел“.

Ердоган минатата недела рече дека „израелската влада, која полуде во Светата земја, веројатно ќе ја таргетира нашата татковина со својот верски фанатизам по Палестина и Либан“.

Тој исто така тврдеше дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „фантазира за окупација на Турција“.

Херцог рече дека израелските воени операции ќе доведат до „историска промена што ќе им овозможи на синовите на Абрахам (Ибрахим) да живеат заедно во регионот и да се движат заедно кон мир, да придонесуваат еден кон друг, за доброто на регионот и нивните сопствените народи и човештвото во целина. Ова е нашата визија. Затоа се бориме против злото и затоа им нудиме на народот во Газа, на народот на Либан, на народот на Иран… поинаков пат и поинаква иднина“.