Метеоролозите продолжуваат да предупредуваат дека ураганот Милтон претставува сериозна закана за Флорида, иако ослабе до тропска бура од трета категорија со ветрови од 125 милји на час.
Најмалку четири лица загинаа во областа Св. Луси на брегот на Атлантскиот Океан на Флорида, потврдија претставници на округот.
Уништени се повеќе од 100 куќи во областа.
На социјалната мрежа Х објави американскиот претседател Џо Бајден.

– До сите погодени од ураганот Милтон: Ве повикувам да останете внатре и да избегнувате излегување на патиштата. Оштетените далноводи, остатоците и пропаднатите патишта создаваат опасни услови. Помошта е на пат, но пред да пристигне, останете на безбедно место додека локалните власти не потврдат дека е безбедно да се излезе надвор, рече Бајден.

Локалните власти и членовите на Националната гарда на Флорида им помагаат на погодените од ураганот Милтон.
Според PowerOutage.us, повеќе од 3,3 милиони корисници ширум Флорида биле без струја до 8:30 часот по средноевропско време.
Прекините беа најтешки долж западниот брег на Флорида, вклучително и округот Харди, каде што повеќе од 9.000 клиенти беа без струја и округот Хајленд, каде речиси 90 отсто од корисниците беа без струја.
Канцелариите на Националната метеоролошка служба на Флорида издадоа повеќе од 130 предупредувања за торнадо од синоќа.