Во нападите што израелската окупаторска армија ги изврши во Либан во последните 24 часа, убиени се 28 лица, а 113 се повредени, јавува Анадолија.
Во соопштението на либанското Министерство за здравство се дадени информации за нападите кои израелската армија ги извршува од 8 октомври 2023 година, а чиј интензитет неодамна е зголемен.
– Уште 28 лица го загубија животот, а 113 се повредени во нападите што израелската окупаторска армија ги изврши во Либан во последните 24 часа – се наведува.
Забележано е дека бројот на загинати во израелските напади врз Либан од 8 октомври 2023 година се искачи на 2.169, а бројот на повредени на 10.212.
Две силни експлозии одекнале денеска во Бејрут, главниот град на Либан, кој е под интензивни напади на израелската армија.
Израелската армија изврши напади врз населбите Рас ел Набаа и Ал Баста во центарот на Бејрут, а моментално се издига чад од зградите во густо населената област.
Според новите информации, убиени се најмалку 18, а 92 се повредени во израелските воздушни напади врз центарот на Бејрут, соопшти либанското Министерство за здравство.
Израелската армија, која ги продолжува контролираните судири со Хезболах од 8 октомври 2023 година, на 23 септември изврши стотици воздушни напади врз градовите на југот на Либан, како и врз регионите Бека и Баалбек.
Водачот на Хезболах Хасан Насрала беше убиен во израелските воздушни напади врз Бејрут на 27 септември.
Хезболах му одговори на Израел со ракети и проектили. Не е забележана поголема штета во овие напади, кои главно беа насочени кон воените бази на израелската страна.








