Со присуство на голем број достоинственици и гости, во Тирана, главниот град на Албанија, свечено беше отворена џамијата Намазга, која е и најголемата џамија на Балканот, јавува Анадолија.


Џамијата Намазга, која е изградена со финансиски придонес на турската управа за верски прашања и турската фондација Дијанет (ТДВ), ја отворија турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама, а на церемонијата присуствуваа и сопругите на двајцата лидери.
Комплексот џамија се состои и од работни простории, библиотека, културен центар, паркинг, изложбен салон, кафетерија и конференциска сала. Џамијата е изградена на парцела со површина од околу 14 хектари, а во комплексот џамија истовремено ќе можат да се молат 8.000 верници.
Во обраќањето до присутните на церемонијата, албанскиот премиер Рама рече дека оваа џамија со генерации ќе сведочи за гестот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и дека на сите ќе им кажува за нераскинливата врска меѓу двата народа и државата.

Турскиот претседател Ердоган ја истакна важноста на џамијата како симбол на турско-албанското братство и пријателство.
– Верувам дека оваа најголема џамија на Балканот (Намазга) ќе го заземе своето место како најнов симбол на нашата заедничка историја и нашето братство, кое е подолго од шест века – рече Ердоган и додаде:

– Не смееме да се отцепиме од врвните вредности на исламот, религијата на мирот и не смееме да оставиме празно поле на интересни групи кои ја искористуваат нашата света религија.
Ердоган им се заблагодари и им честиташе на сите кои дадоа одреден придонес во изградбата на џамијата во Тирана.


Молитвата ја прочита претседателот на Дирекцијата за верски прашања на Турција Али Ербас, по што присутните го започнаа свеченото сечење на лентата. По свеченото отворање на џамијата, Ердоган и Рама заедно со многу граѓани влегоа во џамијата и го обиколија просторот за молитва.
Вкупната површина на џамијата Намазга е повеќе од 10.000 квадратни метри, каде што зградата е 5.200 квадратни метри, а внатрешната молитвена површина на џамијата е 2.415 квадратни метри. Џамијата има капацитет да прими близу 10.000 верници во исто време.
Џамијата има четири минариња високи 50 метри и главна купола висока 35 метри со 18 мали куполи, со мотиви од класична отоманска архитектура.