Во  најновите израелски напади врз различни делови на Појасот Газа убиени се голем број на Палестинци
Според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, израелски воени авиони бомбардирале куќа на семејството Келаб во центарот на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.
Од под урнатините извлечено е тело на едно лице и многу ранети.
Здравствените власти објавија дека многу луѓе се убиени и ранети во бомбардирањето на куќа во зоната за царинска контрола во источниот град Кан Јунис.

Притоа се известува дек под урнатините има голем број луѓе.
Израелски воен авион бомбардирал и куќа на улицата Ал-Јефавије во бегалскиот камп Џабалија, кој се наоѓа на северот од Појасот Газа.
Екипите на брзата помош и спасувачите од урнатините извлекле жена која починала од повредите и девет повредени лица.
Многу луѓе се повредени кога израелски воен авион ја бомбардираше куќата на семејството Ес-Сехар во градот Џабалија.
Сите загинати и повредени во Џабалија се префрлени во болницата „Кемал Адван“ во бегалскиот камп Џабалија.