Израел денес соопшти дека нивните воздушни сили го завршиле „вториот бран“ напади врз позициите на Хезболах.
– Погодивме  цели на Хезболах во Бекаа и неколку области во јужен Либан. Меѓу погодените цели биле згради каде што е скриено оружје, командни центри и друга  инфраструктура, велат тие.

Околу 14 часот, ИД објави на X платформата дека е во тек напад врз цели во Бејрут.

Бројот на убиени во израелските напади врз Либан оваа недела се искачи на 558, соопшти либанскиот министер за здравство. Понеделник беше најсмртоносниот ден во Либан од крајот на граѓанската војна во 1990 година.

Министерот Фирас Абијад додаде дека 1.538 лица се повредени во експлозиите, додавајќи дека медицинскиот персонал „работи над своите капацитети за да се грижи за сите пациенти“.