Најмалку 14 лица се убиени откако во неделата во повеќе израелски напади во близина на Масјаф, град во сириската провинција Хама, објави во понеделникот сириската државна новинска агенција.

Два регионални разузнавачки извори изјавија дека главниот воен истражувачки центар за производство на хемиско оружје, лоциран во близина на Масјаф, бил погоден неколку пати. Се верува дека таму е сместен тим од ирански воени експерти кои се занимаваат со производство на оружје.

Засега нема реакција од Израел, кој вообичаено не ги коментира конкретните извештаи за напади во Сирија.

По нападот на Хамас врз израелските цивили и војници на 7 октомври, Израел ги интензивираше нападите врз цели на проиранската милиција во Сирија и ја нападна противвоздушната одбрана на сириската армија и некои сириски сили.

– Во неделата околу 23:20 часот, израелскиот непријател започна воздушна агресија од правец на северозападен Либан, насочена кон бројни воени локации во централниот регион (Сирија), изјави воен извор за новинската агенција САНА.

– Нашите системи за противвоздушна одбрана се соочија со ракетите на агресорот и соборија некои од нив, додаде изворот, но не наведе детали.

Локален здравствен претставник изјави дека 43 лица се повредени во нападите, од кои неколку се критични, пренесе САНА.

Сириските државни медиуми објавија дека нападите предизвикале два пожари и дека пожарникарите се на терен.

Во најголемиот напад врз Сирија од почетокот на војната во Газа, израелски воени авиони се осомничени за бомбардирање на иранската амбасада во април. Иран објави дека во нападот загинале седум воени советници, вклучително и тројца високи команданти.

(Vijesti.ba)