Користејќи сателитски снимки, американските истражувачи идентификуваа можна локација во Русија за распоредување на нова крстосувачка ракета на нуклеарен погон наречен Буревестник, позната и како SSC-X-9 Skyfall според НАТО, пренесува Ројтерс. Потсетуваме дека заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека Русија ќе направи промени во своите насоки за употреба на нуклеарно оружје како одговор на она што го гледа како западна ескалација во војната во Украина, објави во неделата руската државна новинска агенција ТАСС.

Ракетата, опишана од претседателот Владимир Путин како „непобедлива“ поради нејзиниот речиси бесконечен дострел и способност да ја избегне американската противракетна одбрана, стана предмет на интерес откако сликите направени на 26 јули 2024 година од Planet Labs открија градежни активности во Вологда, околу 475 километри северно од Москва.

Аналитичарот Декер Евелет и други експерти веруваат дека овие градежни активности се поврзани со лансирните рампи Буревестник и капацитетите за одржување, што ќе и овозможи на руската војска брз пристап и лансирање на овие ракети.

Нов преговарачки адут?
Распоредувањето на Буревестиците во Вологда ќе и овозможи на руската војска да складира ракети со нуклеарен врв во своите бункери, со што ќе бидат достапни за брзо лансирање. Сепак, Буревестник, и покрај тврдењата на Путин, има проблематична историја на тестови со низа неуспеси, вклучително и катастрофална несреќа во 2019 година.

Џефери Луис, од Институтот за меѓународни студии Мидлбери во Монтереј, се согласи со Евелет откако ги прегледа сликите на негово барање. „Тие предлагаат нешто многу уникатно, многу различно. И, се разбира, знаеме дека Русија ја развива оваа ракета со нуклеарен погон“, изјави тој.