Полицијата во Истанбул го уапси Лиридон Реџепи, кој беше идентификуван од турската Национална разузнавачка организација (МИТ) како шеф на финансиската мрежа на Мосад во Турција, соопштија во вторникот безбедносни извори.
Според извори, Реџепи раководел со финансиските операции на израелската разузнавачка агенција Мосад во Турција.
Откриено е и дека, по налог на израелското разузнавање, Реџепи спроведувал надзор со беспилотни летала и психолошки операции против палестинските политичари.
Утврдено е дека тој префрлал средства на теренски агенти во Турција кои собирале разузнавачки информации за Сирија.
Активностите на Реџепи, вклучително и сомнителните трансакции на неговите сметки, биле следени од МИТ.
Истрагата откри дека тој префрлал значителни суми пари преку Western Union на теренски агенти во Турција. Неговите активности се следени од неговото влегување во земјава на 25 август.
Реџепи, кој беше уапсен од МИТ и полицијата во Истанбул на 30 август, призна дека ги префрлил парите.
Операциите на МИТ открија дека Мосад ги финансирал своите теренски агенти во Турција преку источноевропските земји, првенствено Косово.
Истрагата покажа дека средствата биле префрлени од Косово на извори во Сирија преку Western Union и криптовалути.









