Во Германија од 1 октомври се менуваат регулативите за зимски гуми.
Овие прописи се однесуваат на сите патишта во периодот во кој траат зимските услови за возење и велат дека возачите кои користат само пневматици M+S ќе бидат казнети, соопшти германскиот авто клуб ADAC.
Имено, пневматиците M+S (Mud+Snow) веќе не се сметаат за зимски гуми, па ќе се земат предвид само оние со симболот „Алпски“ (планина со три врвови и снегулка).
Оваа промена на симболите беше направена уште во 2018 година, но до сега имаше период на подесување, па оние со гуми M+S им „прогледуваа низ прсти“.
Возачите кои користат само пневматици М+С ќе треба да платат казна од 60 евра, а доколку поради ова се случи сообраќајна несреќа, казната може да се удвои.
(Vijesti.ba)










