„Светот едноставно не направи доволно за да постигне прекин на огнот во Газа“, рече ирскиот премиер Сајмон Харис.

Харис повика на итна ревизија на Договорот за асоцијација меѓу Европската унија и Израел, велејќи дека тоа ги прекршува одредбите за човекови права од трговскиот договор.

Ирскиот премиер предупреди дека светот ќе гледа назад на конфликтот како „време на мрачен срам“. Харис рече дека „секој ден“ се прашува дали ирската влада можела да направи повеќе.

„Сметам дека сцените што се одвиваат на Блискиот Исток се гротескни и речиси незамисливи во однос на размерите на катастрофата“, рече Харис во вторникот во Даблин.

„Јас ја нареков војна против децата, верувам дека е. Дејствата на Израел се крајно непропорционални. Исто така, многу сум свесен за работи како трговијата што се случуваат на ниво на Европската унија. Да бидам јасен, не верувам дека светот, Европската унија, направија доволно за да се постигне примирје“, рече тој.

„Верувам дека кога ќе погледнеме наназад на овој период, тоа ќе биде време на мрачен срам за светот. Затоа што има лостови кои можеа да се искористат на европско ниво, но досега не се искористени“, рече Харис. додавајќи дека Европската унија веднаш може да направи повеќе.

Тој рече дека тој и премиерите на Шпанија и Словенија бараат ревизија на Договорот за асоцијација меѓу Европската унија и Израел.

(Vijesti.ba)