Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава погоди делови од Пакистан и предизвика паника кај жителите.
Сè уште нема извештаи за штета, соопштија официјални лица.

Епицентарот на земјотресот бил во југозападен Кашмир, пренесува АП.

Според Националниот центар за сеизмички мониторинг во главниот град на Пакистан, Исламабад, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри.

Земјотресот бил почувствуван во поголемиот дел од Пакистан.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала во 2005 година загинаа 20.000 луѓе во Пакистан и Индија, потсетува АП.

(Vijesti.ba)