Катарската државна министерка за меѓународна соработка во Министерството за надворешни работи на оваа земја од Персискиот Залив, Лолва бинт Рашид ал-Катер, го осуди делот од церемонијата на отворање на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кој содржи пародија на „Последната вечера“ од Леонардо да Винчи.
– Како муслиманка целосно го отфрлам и го осудувам понижувачкиот начин на кој се карактеризира Исус Христос (во исламската традиција Иса, а.с.). Изразувам солидарност со христијаните кои со право беа навредени – изјавила министерката Ал Катер на својата сметка на социјалната мрежа Х, пренесоа меѓународните медиуми.
Според неа, она што го видовме е „апсолутно одвратно“, соопшти Амбасадата на државата Катар во Сараево.
– Но, за жал, ова не е првпат да видиме срамен приказ на Исус Христос во некои западни медиуми и уметничка продукција. Некои сакаат да тврдат дека се „еманципирани“ од религијата, но реалноста е дека тие станаа само заробеници на сопствените неконтролирани желби. Луѓето веќе не се важни, се додека работи машината за броење пари – изјави министерот Ал Катер.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) издаде официјално извинување во неделата (28 јули) по поплаките за дел од церемонијата на отворањето што содржеше пародија на „Последната вечера“ на Леонардо да Винчи, пренесоа агенциите.
(Vijesti.ba / ФЕНА)







