Протест пред хотелот во Вашингтон каде претстојува Нетанјаху: Уапсете го воениот злосторник

by Administrator

Демонстрантите на ѕидот од хотелот во Вашингтон, каде што престојува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, напишаа порака „Се бара. Уапсете го воениот злосторник Нетанјаху“, јавува Анадолија.
Нетанјаху е во официјална посета на САД и денеска треба да се обрати пред американскиот Конгрес.
Неколку стотици демонстранти се собраа пред неговиот хотел за да протестираат против континуираните израелски напади врз Појасот Газа.
Демонстрантите вееја палестински знамиња, а полицијата го засили обезбедувањето пред хотелот.

На ѕидот од хотелот со ласерско светло испишана e порака во која демонстрантите бараат апсење на Нетанјаху.

You may also like