Израелскиот парламент (Кнесет) рано денес гласаше да ја одобри резолуцијата со која се отфрла формирањето на палестинска држава.
Во резолуцијата, која беше усвоена со 68 гласа „за“, девет „против“, се наведува дека палестинската држава би била „егзистенцијална закана“ за Израел.
Предлогот беше изнесен од опозициската партија Нова надеж-Обединета десница, а беше поддржан од неколку партии во коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и Партијата за национално единство предводена од поранешниот министер за воен кабинет Бени Ганц.
Членовите на партијата Јеш Атид на опозицискиот лидер Јаир Лапид ја напуштија комората на Кнесетот за да избегнат поддршка на предлогот, за кој арапските членови на Кнесетот гласаа против.
Предлогот тврди дека формирањето на палестинска држава „во срцето на Израел“ би претставувало „егзистенцијална закана за државата Израел и нејзините граѓани“.
Палестинците се уште не го коментирале гласањето во Кнесетот.
Гласањето се случи неколку дена пред посетата на Нетанјаху на Вашингтон, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе се обрати во Конгресот.
Палестинците се стремат да основаат независна држава во Појасот Газа и Западниот Брег со Ерусалим како главен град.