Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес во Стразбур со 401 глас “за“ беше реизбрана. Против гласаа 284, во собранието од 720 пратеници.
Така таа ја мина бројката од 361, по 45-минутниот говор кој наликуваше на состојбата на Унијата, каде што ја изложи својата програма која имаше за цел да ги задоволи мнозинството пратеници во Европскиот парламент.
Овие бројки покажуваат дека Фон дер Лајен теоретски со 401 глас ја собра поддршката од речиси сите претставници во нејзиниот сојуз што ја сочинуваат централнодесничарската ЕПП, либералите, социјалистите.
Таа очигледно имала корист од надворешната помош од мнозинството од таборот на Зелените – само 10 од нив гласале против неа според информациите на Еурактив. Оваа поддршка најверојатно ќе им даде на Зелените место во алијансата.
Конзервативците на италијанската премиерка Џорџија Мелони објавија дека големо мнозинство од нив гласале против неа. Како и Патриотите на француското национално собрание и Фидес, суверенистите предводени од АфД и групата Левица.









