Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека на , 15 јули, со гордост се сеќаваат на епската борба на турскиот народ кој со голи раце застана пред тенковите за време на обидот за пуч во 2016 година.
Ердоган им се обрати на насобраните граѓани по посетата на Меморијалот на мачениците од 15 јули во Истанбул, во непосредна близина на „Мостот на мачениците 15 јули“.
– Со голема гордост се сеќаваме на епската борба на нашиот народ кој со голи раце застана против тенковите и смртоносното оружје – рече Ердоган, додавајќи:
– Како што направи досега, овој народ ќе ја наруши секоја игра што ќе допре до нејзината независност и ќе се обиде да стави окови на нејзината волја. До Судниот ден нема да им простиме на оние кои 15 јули го нарекуваат „игра“ и на оние што го нарекуваат „шоу“.

Терористичката организација Фетулахчи (ФЕТО) е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Турција ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, и чија екстрадиција Турција ја има официјално побарано од САД, наведува Анадолија.
Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО се обидоа да гонат голем број високи функционери во судството на Турција со монтиран судски процес за наводна корупција.

Неколку години подоцна следеше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар извршен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрирала во турската армија.
Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Турција, туку и за секоја друга земја каде што е активна. Ова во неколку наврати го истакнуваа турските власти. За време на обидот за пуч во Турција загинаа 252 лица, а повеќе од 2.730 луѓе беа повредени.