Европската комисија (ЕК) денеска одобри две генетски модифицирани култури на пченка и го продолжи одобрението за употреба на уште една култура на генетски модифицирана пченка за човечка и животинска храна, соопшти денеска ЕК.
Одлуките за одобрување на Комисијата дозволуваат увоз на оваа генетски модифицирана пченка само за употреба во храна и добиточна храна, но не и за одгледување во ЕУ, пишува Индекс.
Оваа пченка помина низ сеопфатна и строга процедура за проценка која обезбедува високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните и животната средина.
Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) издаде позитивна научна оценка во која заклучи дека оваа генетски модифицирана пченка е безбедна како и конвенционалната пченка, објави ЕК.
Одобрувањата важат 10 години, а сите производи произведени од овие генетски модифицирани култури ќе подлежат на строги правила за етикетирање и следливост на ЕУ.
Комисијата има законска обврска да одлучува за овие одобренија откако земјите-членки нема да постигнат квалификувано мнозинство во корист или против одобрувањето во Постојаниот комитет и подоцна Комитетот за жалби.









