Најмалку 25 лица се убиени, а 50 се ранети во напад на израелската армија врз областа каде што се наоѓаа шаторите на раселените Палестинци во областа Ал-Меваси во Рафах, град на југот на Појасот Газа.
Израелските сили извршија тешки артилериски напади со тенкови врз тој регион во западниот дел на Рафах.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека во нападот загинале најмалку 25 лица, а 50 се повредени.
Очевидци јавуваат дека тенкови на израелската армија ги бомбардирале областите каде што се наоѓале палестинските шатори и дека избувнале неколку пожари.

Регионот Меваси, кој се протега до Кан Јунис и Рафа, беше меѓу таканаречените „безбедни зони“ каде што израелската војска сакаше Палестинците насилно да мигрираат.
Израелската армија продолжува да го бомбардира Рафах и покрај одлуката на Меѓународниот суд на правдата (МСП) да ги запре нападите.

И на 28 мај, израелската армија ги нападна шаторите со раселените Палестинци во регионот Меваси. Во тој напад убиени се најмалку 21 лице, а 64 беа ранети.
Луѓе беа повредени во напад на израелската армија врз шаторите во Меваси, каде што присилно раселените Палестинци престојуваа во градот Рафах, за кој претходно тврдеше дека е „безбеден“.