Министерството за надворешни работи на Ерменија денеска ја објави одлуката на земјата да ја признае Палестина како држава.
Ерменија ја истакна „критичната ситуација во Газа“ и објави изјава во која се наведува:
„Потврдувајќи ја својата лојалност кон меѓународното право и принципите на еднаквост, суверенитет и мирен соживот на народите, Ерменија ја признава државата Палестина“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Во соопштението се нагласува и дека Ереван искрено се залага за воспоставување траен мир во регионот.
(Vijesti.ba)









