Во Појасот Газа и Палестинците овој Бајрам го поминуваат под израелски напади и во многу лоши услови.
Поради недостиг на храна и основни животни потреби, најмногу страдаат децата. За да ги израдува барем на кратко, подвижен забавен парк е поставен во градот Кан Јунис на југот од Појасот Газа.
Целта е овие малечки барем на кратко да уживаат во она во што уживаат нивните врсници ширум светот. Насмеаните лица на децата ги сними фоторепортерот на Анадолија.
Додека израелските напади врз блокираниот Појас Газа продолжуваат со несмалено темпо, Палестинците не можат да ги обезбедат основните животни потреби, вклучително и храната.
Палестинците кои се засолниле во градот Деир Балах чекале ред за да добијат храна. Во тие редови, пак, главно имаше деца.









