Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи температури во Мека, каде што се потврдени неколку смртни случаи поврзани со горештините за време на хаџот, а температурите надминуваат 50 степени Целзиусови.
Годишниот аџилак, оваа година, се одржува во лето, кое е исклучително топло во Саудиска Арабија. Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи на „топлина исцрпеност“, објави саудиското Министерство за здравство.

Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се искачат до 49 степени Целзиусови.

„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија.

Саудиската метеоролошка служба на платформата Х објави дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.

(Vijesti.ba)