Руски авиони навлегле во финскиот воздушен простор

by Administrator

Финската гранична стража соопшти дека се сомнева дека четири руски воени авиони го нарушиле воздушниот простор на оваа нордиска земја на 10 јуни.
Финското Министерство за одбрана претходно соопшти дека се сомнева дека рускиот воен авион го нарушил воздушниот простор околу две минути.

„Како што течеше истрагата, стана јасно дека, покрај еден руски авион за кој беше пријавен претходно, постои основа за сомневање дека уште три летала го нарушиле територијалниот простор“, соопшти граничната служба на споменатата земја.

Во соопштението се наведува дека се сомнева дека се работи за два бомбардери и два борбени авиони. Според Министерството за одбрана, руски авиони го нарушиле територијалниот простор на Финска во август 2022 година, пренесува Срна.

You may also like