Повеќе од 35 лица загинаа, а 43 се повредени откако избувна пожар во зори во зграда во која се сместени речиси 200 странски работници во Кувајт, соопштија властите во средата.
Четириесет и три лица се повредени, соопшти Министерството за здравство, во пожар во областа Мангаф јужно од градот Кувајт, која е густо населена со работници мигранти.
– За жал, добивме пријава за пожар во шест часот наутро во областа Мангаф – изјави генерал-мајор Еид Ал-Оваихан, началник на Генералниот оддел за криминалистички докази на МВР.
На видеата се гледа црната фасада на шесткатницата во која имало 196 работници, судејќи според информациите што му ги дал на министерот од нивниот работодавец.
Кувајт богат со нафта има голем број странски работници, многу од нив од Јужна и Југоисточна Азија, кои главно работат во градежништво или услужни индустрии.
Според извор од Генералната противпожарна служба, жртвите се задушиле од чадот кој се издигнал по избувнувањето на пожарот во приземјето.
Форензичките тимови работат на местото на настанот и досега идентификувале три тела, рече Оваихан.
Националноста на жртвите не е соопштена, но индискиот амбасадор за AFP изјави дека е во болница и ги посетува преживеаните.
Индискиот министер за надворешни работи С. Џаишанкар на платформата X објави дека е „длабоко шокиран од веста“ и изрази „најдлабоко сочувство до семејствата на оние кои трагично ги загубија животите“.
– Сопственикот на зградата е приведен во истрагата за потенцијално невнимание – изјави министерот за внатрешни работи шеикот Фахд Ал Јусеф при посета на местото на несреќата.
Сите имоти за кои ќе се утврди дека не ги исполнуваат безбедносните прописи веднаш ќе бидат евакуирани, предупреди тој.
– Ќе работиме на решавање на проблемот со пренатрупаноста и негрижата на работната сила. Сопственикот на имотот каде што избувна пожарот ќе го приведеме до завршување на законските процедури – рече министерот.
Во 2009 година, 57 луѓе беа убиени кога жена од Кувајт, очигледно сакајќи да се одмазди, запалила шатор на свадбена веселба кога нејзиниот сопруг се оженил со друга жена.
Нусра ал Енези фрли бензин врз шаторот и го запали додека луѓето славеа внатре. Таа беше обесена во 2017 година за злосторството, чии жртви имаа многу жени и деца, потсетува АФП.









