Пред кабинетот на Еди Рама синоќа се одвивала вистинска драма кога маж на возраст од околу 40 години почнал да фрла со камења кон седиштето на шефот на албанската влада.
Обезбедувањето веднаш реагирало и го привело мажот, а според локалните медиуми, уапсен е 45-годишен странски државјанин. Тој наводно е државјанин на Велика Британија.

Уапсениот бил пијан, а се сомнева дека има психички проблеми.

Откако бил приведен, тој бил префрлен во болница.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил околу 22.40 часот.

Во тек е истрага, пренесува „Телеграф“.