Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден повторно е во центарот на вниманието за својот нов гаф во јавноста.
Имено, со месеци јавниот настап на американскиот претседател предизвикува загриженост кај неговите гласачи и јавното мислење.
Некои критичари забележаа дека неговото однесување укажува на тоа дека претседателот боледува од деменција, што самиот Бајден го негираше.
Последното видео снимено за време на прославата во Белата куќа е причина за дополнителна загриженост.
Бајден стоел до американската потпретседателка Камала Харис и братот на починатиот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаецот Дерек Човин во Минеаполис во мај 2020 година.
Сите до него играа и аплаудираа, само тој стоеше како премрзнат. Тој беше насмеан и љубопитно го следеше настапот на изведувачот. Додека другите се нишаа во ритамот на музиката, Бајден не мрдна ни педа.
Само во еден момент Филониз Флојд се обиде да го анимира, па успеа да добие реакција од Бајден, кој цело време како да е изгубен во времето и просторот…








