Најмалку 37.084 Палестинци се убиени во израелската офанзива на Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти во неделата Министерството за здравство во опколената енклава.
Во нападите беа повредени 84.494 лица.
– Израелската окупација изврши осум масакри врз семејства во Појасот Газа, што резултираше со 283 загинати и 814 ранети во последните 24 часа – се наведува во соопштението.

Министерството објави дека бројот на загинати во „масакрот на израелската окупација“ на Палестинците во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа во саботата се искачи на 274, а 698 се повредени.
Израелската војска во саботата објави дека спасила четворица заложници од централниот дел на Појасот Газа во смртоносниот напад врз Палестинците во бегалскиот камп Нусејрат.










