Египетската влада поднесе оставка, а египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси побара од премиерот Мостафа Мадбули да формира нова влада, соопшти кабинетот на претседателот.
Во соопштението се наведува дека Мадбули на денешната средба му ја доставил оставката на претседателот Сиси.
„Претседателот му нареди на Мадбули да формира нова влада од компетентни и искусни луѓе“, се додава во соопштението.











