Обилните врнежи во Германија денеска предизвикаа поплави во Баварија, а продолжениот дожд доведе до пукање на брана и насип во Аугсбург.
Селата во и околу Меммингем се под вода, а евакуиран е и затворот во тој град.
Околу 150 затвореници се распоредени меѓу затворите во Ландсберг, Кемптен и Аугсбург. Тие беа евакуирани поради опасност од поплави во затворот и прекин на струја.
Неколку стотици припадници на итната помош, пожарникари и волонтери се на терен, пренесува БИЛД.
Баварскиот премиер Маркус Зедер пристигна во поплавената област во областа Аугсбург.
(Vijesti.ba)










