Израелско беспилотно летало денес изврши напад врз училиште во бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа, каде имаше голем број на  жртви.
На двете видеа може да се забележат луѓе како паничат околу училиштето што го погоди Израел, додека некои носат жртви од местото на нападот.
Израелската армија се повлече од бегалскиот камп Џабалија, оставајќи зад себе огромни разурнувања и многу мртви, според очевидци.
Десетици изгорени куќи и остатоци од уништени израелски воени возила беа пронајдени во областа по повлекувањето на армијата.

Израелската армија започна голема воена операција во кампот на 12 мај, уништувајќи куќи и принудувајќи ги жителите да ги напуштат своите домови во кампот.
Бројот на загинати во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа од октомври минатата година достигна 36.242 лица, објави во четвртокот Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.

Речиси осум месеци по почетокот на израелската војна, големи делови од Појасот Газа се во урнатини поради блокади на храна, чиста вода и лекови.
Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, град во јужниот дел на Појасот Газа каде засолниште побараа повеќе од милион раселени Палестинци.