Пропалестинските демонстранти се судрија со полицијата пред израелската амбасада во Мексико Сити.
Стотици демонстранти се собраа во вторникот повикувајќи ја владата да ги прекине дипломатските односи со Израел. Носејќи палестински знамиња и извикувајќи слогани за поддршка на Палестина, демонстрантите покажаа солидарност со граѓаните на Газа и Рафа за неодамнешните напади. Тие ја повикаа владата „да ја прогласи Палестина за држава со сите права“.
Демонстрантите се обидоа да ги тргнат оградите, што доведе до судири со полицијата.
– Страшно е што тоа продолжува да се случува, што Соединетите Американски Држави продолжуваат да го одобруваат ова, но што Европа молчи. Ова е бруталноста на нашата цивилизација, цивилизацијата која владее со нас и со светот денес – изјави Жилберто Гарсија Мора, еден од демонстрантите.
Нора Маријана Видал изјави дека не може да живее во свет во кој се е неправедно. Таа нагласи дека нема оправдување за израелската бруталност и дека се срами од светот во кој живее.
Владината канцеларија за медиуми во Газа објави дека за време на викендот најмалку 45 лица загинале, а 250 се повредени, главно деца и жени, во израелски напад врз камп за раселени лица во Рафах во близина на логистичката база на УНРВА во Тал ал Султан.









