Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави  дека ниту една земја не е безбедна доколку Израел не биде принуден да го почитува меѓународното право, мислејќи на нападите на земјата врз Појасот Газа кои продолжуваат повеќе од седум месеци и покрај пресудите и резолуциите против Израел.
Во говорот во турскиот парламент, тој рече дека Израел е закана не само за Палестина или Газа, туку и за глобалниот мир и човештвото во целина.
Тој го осуди израелскиот напад на бегалскиот камп Рафа во јужниот дел на Газа, во кој загинаа најмалку 45 лица во неделата и предизвика пожар кој брзо се прошири.
– Немаш тронка совест? Ниту една религија во светот не може да го оправда овој масакр – рече тој.

Ердоган ја критикуваше неспособноста на меѓународниот систем, вклучително и телата како Обединетите нации (ОН), да ги запрат злосторствата во Газа, каде што беа убиени повеќе од 36.100 Палестинци, што доведе до уништување, раселување и гладување.
– За што сте добри, ООН, ако не можете да го запрете преносот во живо на геноцидот во 21 век – праша Ердоган.