Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во средата ги повика сите земји од Европската унија да и се придружат на Шпанија и другите земји во признавањето на Палестина како држава.
На заедничката прес-конференција во Мадрид, Фидан и неговите колеги од Шпанија, Палестина, Саудиска Арабија, Катар и Јордан и се заблагодарија на Шпанија за „храбрата акција“ која придонесе за меѓународниот мир и безбедност.
Тој рече дека она што Шпанија и другите европски земји го направија со признавањето на Палестина како земја е огромен придонес за меѓународниот мир и безбедност.
– Ги повикуваме преостанатите членки на Европската унија да ја признаат Палестина како земја, да го следат примерот на Шпанија – изјави шефот на турската дипломатија.

Фидан вети дека „ќе продолжи да работи неуморно за решение со две држави, за регионален мир и безбедност“.
Ирска, Норвешка и Шпанија официјално ја признаа Палестина како држава во вторникот.