Според прелиминарните податоци, најмалку десет лица загинале, а 30 се повредени во верижна сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила на автопатот Тарсус – Адана – Газиантеп во Мерсин, Турција.

Патнички автобус преминал на спротивната лента и удрил во два автомобили и камион.

По известувањето, во регионот се испратени многу екипи на брза помош, полиција и противпожарна помош.

Според првите проценки, во несреќата загинале десет лица, а 30 се повредени.

Гувернерот на Мерсин, Али Хамза Пехливан изјави дека во градот се случила голема несреќа.

„Според првичните информации, во сообраќајката на автопатот ТАГ, десет лица загинаа, а 30 се повредени“, изјави Пехливан.

(Vijesti.ba)