Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм, откако патрола слушнала наводни пукотници, соопшти полицијата во петокот, а опколената област ја вклучува и израелската амбасада.
„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница, додавајќи дека погодената област е помеѓу мостот Џургарден, Нобеловиот парк и црквата Оскар.
Уапсени се неколку лица, а покрената е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.
„Во врска со истрагата која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.
Ројтерс се уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.
(Vijesti.ba)










