Русија е подготвена во случај западните земји да сакаат да ја решат украинската криза на бојното поле, изјави вршителот на должноста министер за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

– Тоа е нивно право. Ако сакаат да го решат конфликтот на бојното поле, тоа ќе биде на бојното поле – изјави Лавров за време на консултациите во Советот на Руската Федерација.

Тој потсети дека Русија повеќепати изразила подготвеност за разговори со цел да се реши украинската криза или да се земе предвид моменталната реалност.

(Vijesti.ba)