Израелските демонстранти блокираа камиони со хуманитарна помош на пат кон Појасот Газа и ги расфрлаа пакетите со храна на патот, што е последен во серијата инциденти кога Израел вети дека ќе обезбеди непречен проток на хуманитарни резерви во опколената енклава.
Четворица демонстранти, меѓу кои и малолетник, уапсени се на протест на контролен пункт во градот Таркумија, западно од градот Хеброн на Западниот Брег, окупиран од Израел, се вели во изјавата на адвокат кој ги застапува демонстрантите, пренесува ХИНА.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите фрлаат залихи од камиони на земја, а содржината од картонските кутии се истура на патот.
Children in Gaza are not starving, children in Gaza are BEING STARVED
Is it self-defense when you attack and destroy humanitarian aid to a starving children in Gaza? pic.twitter.com/56ZV8GV5RS
— Mohamad Safa (@mhdksafa) May 13, 2024
Четири лица беа уапсени минатата недела на југот на земјата на сличен протест на Израелците кои се противат на испраќање хуманитарна помош во областа контролирана од Хамас, според нивните адвокати.
„Поради инцидентот со нарушување на јавниот ред и мир што се случи денеска, полицијата започна истрага која доведе до апсење на голем број осомничени“, се вели во соопштението на израелската полиција, додавајќи дека истрагата се уште е во тек.
Израел се соочи со силен меѓународен притисок да го зголеми протокот на помош за Газа, каде меѓународните организации предупредија на сериозна хуманитарна криза што погодува население од над два милиони луѓе.
Израелските власти вчера соопштија дека е отворен нов премин на северот на Газа и дека наскоро ќе биде отворено и привременото пристаниште изградено од Соединетите Американски Држави.
(Vijesti.ba)










