Авион со 78 патници денеска се излизгал од пистата пред полетувањето на главниот аеродром во Сенегал.
Во несреќата се повредени 11 лица, но таа доведе до прекин на летовите од овој аеродром.
Аеродромот „Блез Диањ“ објави дека се води истрага за причините за несреќата, која се случила околу 3 часот по полноќ додека „Трансаир Боинг 737-300“ изнајмен од „Ер Сенегал“ требало да полета за Мали.
Видеото преку ноќ на социјалните мрежи покажува авион со логото на сенегалската авиокомпанија Transair во тревата со крилото покриено со противпожарна пена.
Во соопштението на аеродромот пишува дека активирале протоколи за итна евакуација на патници.
„Аеродромот засега останува затворен… Се очекува тој повторно да биде отворен во следните неколку часа“, се додава.
(Vijesti.ba)










