Изминатиот викенд, повеќе од 800 луѓе се заразиле со норовирус на Пролетниот фестивал во Штутгарт, југозападна Германија.
Како што пренесуваат германските медиуми, не е познато како се проширил вирусот, но бројот на заразени е значително зголемен.
Надлежните во Штутгарт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалокот што се служи во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни, пишува Феникс Магазин. Како што е наведено, се тестираат и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.
Од Институтот за здравство сметаат дека вирусот се пренесува од човек на човек, преку капки, но не се знае кој го донел вирусот на фестивалот, посетител или работник. Посетителите првично се пожалија на повраќање, дијареа и гадење, но официјалните лица подоцна објавија дека 815 луѓе се заразиле до петок.
Пролетниот фестивал започна на 20 април и ќе трае 23 дена, но посетителите ќе имаат можност да уживаат во различни возења, штандови и барови кои нудат освежување и забава. Во текот на 2023 година, фестивалот го посетиле 1,4 милиони луѓе.
Симптоми на норовирус се гадење, дијареа и повраќање, но дополнителни симптоми се треска, главоболка и болки во нозете и рацете.
(Vijesti.ba)










