Либанскиот Хезболах во средата соопшти дека лансирал проектили и беспилотни летала врз воен објект во северен Израел како одмазда за израелските напади во кои загинаа членови на Хезболах. Израелската армија наведува дека во нападот биле ранети 14 нејзини војници.
Армијата соопшти и дека шест војници се во тешка состојба. Беше кажано дека „потоа биле погодени извори на пожар“.
Три лица, вклучително и теренски командант на Хезболах, се убиени во израелските напади во вторник во јужен Либан, соопштија либански безбедносни извори.
Подоцна во средата, израелските воздухопловни сили соопштија дека нивните воени авиони ја погодиле инфраструктурата на Хезболах северно од Баалбек во источен Либан.
Да потсетиме, израелските сили и либанската вооружена група Хезболах разменуваат оган повеќе од шест месеци паралелно со војната во Газа.










