Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби денеска одговори на новинарските прашања зошто САД директно не ја бранат Украина како што го бранат Израел (САД му помогнаа на Израел да ги собори беспилотните летала и ракетите истрелани врз Израел од Иран во саботата навечер).
„Различни конфликти, различен воздушен простор, различна слика за закана“, рече тој. „Претседателот беше јасен од почетокот на конфликтот во Украина дека САД нема да бидат вклучени во тој конфликт во борбена улога“, нагласува Кирби.
Највисоките украински функционери тврдат дека не разбираат зошто САД директно нема да ја заштитат Украина од руски напади, на пример од напади врз нејзината енергетска инфраструктура. Сепак, како што истакна Кирби, американската позиција е ваква од почетокот на конфликтот. Во превод – САД не сакаат да предизвикаат отворен конфликт со Русија со таков директен ангажман. Киев, од друга страна, очигледно не се грижи за таквите последици.










